Открила дека свршеникот ја изневерува и направила бизнис од тоа (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Жена која открила дека вереникот константно ја изневерувал, неколку месеци пред закажаната венчавка, јавно ги сподели сигналите што ги игнорирала и направи успешен бизнис од своето трауматско искуство.

Loading...

Дивајн Ален (31) од Пенсилванија е еден од основачите на компанијата d.i.y. BreakUp која нуди поддршка на сите кои морале да ги раскинат веридбите и венчавките поради изневерување.

Дивајн ја раскажа оваа приказна во серија видеа на TikTok од нејзината компанија, споделувајќи неколку примери за однесувањето на нејзиното манипулативно поранешно момче.

„Бевме заедно околу шест години и 90 дена пред свадбата, открив дека тој ме изневерува веќе шест месеци. Неговите пораки по грешка стигнаа на мојот лаптоп и на неговата ергенска забава дознав дека тој испраќал идентични пораки до мене и неговата друга девојка. Буквално го копирал и праќал истиот текст“, рече таа во видеото.

Кога дознала, таа раскинала и ја откажала венчавката.

„Животот е многу подобар сега. Се надевам дека се среќни“, вели таа во едно видео, мислејќи на нејзиното поранешно момче и неговата друга девојка, со која останал до денес.

„Имаше толку многу црвени знамиња што ги игнорирав и многу работи кои не беа добри во нашата врска“, открива Дивајн.

Една од нејзините „омилени сцени“ е кога поранешниот лежел во кревет и гледал нешто на неговиот мобилен телефон. Тој добил порака што се покажало дека е видео со градите на некоја жена. Дивајн му кажала повторно да ги отвори пораките и тој рекол дека ќе го направи тоа, но претходно го преименувал бројот од контактот од кој пораката пристигнала со името на негов добар пријател.

Loading...

„Тој рече дека пријателот ја изневерувал својата девојка со девојка со која оделе на училиште, и затоа му ги праќал тие видеа. Се разбира дека му поверував, дури и не ми требаше дополнително објаснување“, вели таа.

Во својата компанија, Дивајн им нуди емоционална помош и совети на луѓето кои се нашле во слична ситуација и тоа добро го наплаќа.

 

https://www.instagram.com/p/CCqesFFjOqi/?utm_source=ig_embed

Leave a Reply