Кинескиот геолошки институт (CGS) соопшти дека открил големо наоѓалиште на ретки метали во југозападната кинеска провинција Јунан, со потенцијални ресурси од 1,15 милиони тони.
Loading...
Во соопштението се вели дека ретките метали, како прасеодимиум, неодимиум, диспрозиум и тербиум, надминуваат 470.000 тони во новооткриеното наоѓалиште, објави Ксинхуа.
Нагласено е дека во новото наоѓалиште се откриени метали кои се клучни за развој на високотехнолошките индустрии.
Се потсетува дека ретки метали за прв пат биле откриени во значителни количини во источната кинеска провинција Џиангкси во 1969 година, пренесува Танјуг.