Откриено е зошто мажите си ги допираат половите органи

Сподели со своите пријатели

Повеќето мажи имаат свој начин да се опуштат така што ќе легнат на кревет, ќе си ја пуштат омилената ТВ програма, ќе ги подигнат своите нозе… и рацете ќе ги положат над половите органи или внатре во долниот веш.

Loading...

Мажите, односно голем број од нив си ја допираат својата генитална регија и дома, и на јавни места, и секаде, потполно заборавајќи дека некој може да ги види. Малку се играат во џеб, го пипаат својот орган, или пак со рацете внатре, забораваат на тоа дека некој може и ги набљудува додека тие се во друга димензија.

Научниците ги открија трите изненадувачки причини зошто мажите ја прават ова иритантна работа.

1. Го штитат својот “пакет“

Мазењето на гениталната регија за мажите е безбедно задоволство, вели Ванеса ван Едвардс, автор на книгата  Human Lie Detection and Body Language 101: Your Guide to Reading People’s Nonverbal Behavior, односно книга посветена на говорот на телото и како да се прочита истото.

На овој начин, мажите ја штитат својата регија од надворешни влијаниjа, а мажите несвесно посегнуваат по таа област и кога се одмораат, бидејќи се чувствуваат опуштено кога знаат дека нивните најбитни органи се вон опасност.

2. Ги опуштаат нервите

Триењето на стомакот или поедините делови на тело без еротски учинок го поттикнува лачењето на хормонот окситоцин, кој го смирува целиот организам, откриваат резултатите во објавениот магазин Frontiers in Psychology.

Loading...

Меѓутоа, експертите советуваат, мажите во работна средина повеќе да бираат триење на рацете или вратот како би го намалиле притисокот во глава, одошто да ги тријат половите органи и така да добијат отказ на работното место.

3. Доминација

Да го пречекаш работниот ривал со раце во џебови е потсвесна желба на мажот да доминира, објаснува доктор Роб Коминијарек од Медицинскиот институт за алфа мажјаци.

Насочувајќи го туѓото внимание на овој дел од телото, мажот ја обележува својата територија и јасно дава до знаење кој е главен, вели д-р Коминијарек.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.