Холандската агенција за нуклеарна безбедност и заштита од радијација (ANVS) издаде предупредување за десет производи за кои е откриено дека испуштаат штетно јонизирачко зрачење.
АНВС ги повика граѓаните да не ги користат овие производи бидејќи долгорочно можат да му наштетат на здравјето на луѓето.
Од друга страна, докази за штетноста на 5G технологијата по здравјето на луѓето едноставно не постојат.
Светската здравствена организација (СЗО) вели дека мобилните мрежи 5G се безбедна технологија и дека фундаментално не се разликуваат од постоечките 3G и 4G сигнали.
Мобилните мрежи користат нејонизирачки радио бранови кои не му штетат на човечката ДНК. Но, и покрај тој факт, луѓето кои веруваат токму во спротивното веќе ги нападнаа предавателите на 5G и предизвикаа штета.
Производите идентификувани од ANVS како штетни за здравјето вклучуваат маска за спиење „Energy Armor“, ѓердан и нараквица.
Дури и нараквица за деца под брендот Magnetix Wellness е исто така штетна за здравјето, бидејќи ослободува јонизирачко зрачење.
Не ги носете повеќе овие работи, безбедно ставете ги и почекајте инструкции за враќање на стоката, се вели во соопштението на АНВС.
На продавачите за кои знае ANVS во Холандија им било кажано дека продажбата на овие производи е забранета и дека мора веднаш да се прекине и да се информираат сите корисници, се вели во соопштението.
Различни теории на заговор создадоа пазар за „анти-5Г“ уреди, за кои Vueijk генерално смета дека едноставно немаат ефект.
Во мај 2020 година, британското регулаторно тело побара забрана за продажба на USB стик од 339 фунти за кој се тврдеше дека обезбедува заштита од 5G.
Налепници против зрачење се продаваа и на Амазон.