Откриени тони кокаин кај Нов Зеланд. „Толку се троши за 30 години“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Полицијата на Нов Зленад денеска соопшти дека запленила доволно кокаин за снабдување на Нов Зеланд 30 години, откако пресретнала огромно пакување со дрога што пловело во Тихиот Океан.

Loading...

Началникот на полицијата на Нов Зеланд, Ендрју Костер, изјави за новинарите дека товарот од 81 бала кокаин тежи 3,2 тони и има улична вредност од околу 316 милиони долари.

„Ова е најголемото откритие на недозволени дроги што го открија новозеландските агенции со одредена разлика“, рече тој.

Дали беше наменет за Австралија?

Официјални лица веруваат дека дрогата била фрлена на „пловечка транзитна точка“ во Тихиот Океан, каде што требало да биде подигната и пренесена во Австралија.

Полициската фотографија го прикажува огромниот улов врзан во мрежа и покриен со жолти плови.

Некои бали го имаа симболот на Бетмен, а пакувањата со кокаин беа означени одвнатре со нешто што изгледаше како детелина со четири листа.

„Веруваме дека беше наменет за Австралија, каде што ќе беше доволно да му служи на пазарот една година“, рече Костер.

Loading...

„Тоа е повеќе отколку што би потрошил Нов Зеланд за 30 години“, додаде тој.

 

 

„Голем финансиски удар за производителите и дистрибутерите“

Брод на морнарицата го пресретна пакетот што пловеше стотици километри северозападно од Нов Зеланд, делумно благодарение на разузнавачките информации од алијансата „Пет очи“.

Децениската мрежа за споделување разузнавачки информации ја сочинуваат САД, Канада, Велика Британија, Австралија и Нов Зеланд.

Костер го опиша настанот како „голем резултат“ за полицијата и во Нов Зеланд и во Австралија.

„Ова откритие без сомнение е голем финансиски удар за јужноамериканските производители и дистрибутери на овој производ“, додаде тој.

Loading...

Не се знае од каде е дрогата, надлежните велат дека е рано за таа информација.