Остатоци од една од најстарите жаби откриени се на палеонтолошко наоѓалиште на местото Чинл во американската држава Аризона. Овие суштества кои делеле праисториски крајолик со диносаорусите, биле идентификувани врз основа на фосилни остатоци со големина на нокт.
Палеонтолозите сметаат дека коските на овој се уште неименуван вид кој живеел пред околу 216 милиони години, се остатоци од најстарата жаба пронајдена во Северна Америка.
Остатоците биле пронајдени покрај огромни крокодилси фитосаурис и некои претходни видови диносаоруси, пренесува Индепендент.
Палеонтологот др. Мишел Стокер, асистент на Високата школа за технички науки во Вирџинија, наведува дека ова откритие докажува дека во периодот на ријасите не живееле само огромни ѕверови.
– Жабата од Чинла била со големина на човечки нокт, додала др Стокер и нагласува дека научниците сега ќе се фокусираат на потрага за помали форми на живот од тој период.
– Со развојот на нови методи во реконструкција на скелети на мали рбетници овозможено е ова возбудливо откритие, смета студентот Бен Клигман, член на истражувачкиот тим.
Инаку, најстарите остатоци од овие рбетници се откриени во карпите на Мадагаскар и Полска, а датираат од пред околу 250 милиони години.
Примерокот прнајден од др. Стокер и нејзиниот тим во Аризона е најсличен на денешните жаби од сите до сега пронајдени фосили, но сепак не може да се смета за директен предок на водоземците кои денеска постојат.
Научниците ќе продолжат да го истражуваат овој локалитет со надеж дека ќе успејат да пронајдат остатоци од черепи и други делови од телото кои ќе овозможат да се соберат што повеќе докази за жабата од Чинла.