Откриени детали од разговорот меѓу Путин и Си

Сподели со своите пријатели

Рускиот претседател Владимир Путин вчера се сретна со својот кинески колега Си Џинпинг за прв пат од почетокот на инвазијата на Украина.

Loading...

Тој ја пофали кинеската „урамнотежена позиција“ за војната во Украина, иако Пекинг наведе одредени прашања и загрижености за руската инвазија.

Путин и Џинпинг се сретнаа на регионален самит во Узбекистан.

– Високо го цениме избалансираниот став на нашите кинески пријатели во однос на украинската криза. Ги разбираме вашите прашања и грижи за ова. На денешната средба, секако, детално ќе го објасниме нашиот став по ова прашање, иако веќе претходно разговаравме за тоа – рече Путин.

Да потсетиме, Кина досега одбиваше директно да го осуди рускиот напад врз Украина, истовремено зголемувајќи ја економската помош за својот сосед, зголемувајќи ја билатералната трговија на рекордно ниво, што е добро за рускиот бизнис во услови на западни санкции.