19.07.2019 11:39

Откриена древна метропола стара 10.000 години


Џиновската неолитска населба откриена е во близина на Ерусалим, а истражувачите велат дека тоа е еден од намонументалните градови од Камено време во светот.

Пространата населба, ископана е во местото Мока, околу пет километри западно од центарот на Ерусалим, основана е пред повеќе од 10.000 години, а во текот на својот врв околу 1.500 години подоцна станала жив трговски центар со околу 2.000 до 3.000 жители.

loading...

– Ова е веројатно најголемиот локалитет од овој период на Блискиот исто, кој ќе овозможи драстичен напредок во истражувањата поради големото количество материјали кои успеавме да ги ископаме и сочуваме, рекла за Ројтерс археологот Лорен Дејвис од Службата за антиквитети на Израел.

Процесот за ископување и истражување на древната метропола, постара од Стоунхенџ и египетските пирамиди, трае веќе 18 месеци, а октрил дека населбана на врвот покривала површина од 40 хектари.

Во текот на своето исчезнување, пред повеќе од 10.000 години покривала само еден хектар, но во следните 1.500 години се развила во живописен центар со големи згради, јавни установи и верски места.

Она што е особено интересно е што толку голем и значаен локалитет толку долго бил неоктриен. Археолозите со години наназад сметале дека под Мока се наоѓа неолитска населба, но не можеле да ја претпсотават неговата големина.

Досега немало докази дека овој регион бил населен во тој момент, но експертите се соменвале дека долината во која лежи пружа добри услови за живот како плодна земја и лесен пристак до питка вода покрај брего на реката Сорек.

И навистина, плодната земја пружала добар основ за развој на населбата со изненадувчки напредни иновации за тоа време.

За разлика од сличните градови од тој период, метрополисот Мока имал широки улици меѓу зградит екои овозможувале слободен проток на луѓе и стока.

Во другите делови на градот, складиштата биле користени за чување семиња и храна, вклучително и леќа и леблебија.

loading...

Предметите поврзани за културата и внимателно изработениот накит, како нараквици и медалјони, пронајдени во гробниците, откриле докази за заедница која не само што имала знаење и можност за нивната изработка, туку и тргувала со секакви егзотични предмети.


© Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземањето на текстови и изјави во авторска сопственост на порталот Кумановски Муабети е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува. Секое преземање фотографија означена со лого, без претходна согласност со Кумановски Муабети, е строго забрането!

Последни наслови

Facebook Comments