Министерството за спорт и млади донесе одлука за откажување на сите спортски настани поради актуелната состојба во државата
Два разорни земјотреси со јачина од 7,8 и 7,7 степени според Рихтеровата скала утрото ја погодија областа Газиантеп во пограничната област меѓу Турција и Сирија.
Според последните информации, загинале над 1.200 луѓе, а направена е огромна материјална штета.
Поради оваа причина, донесена е одлука за итно прекинување на сите спортски настани во државата. Тие беа одложени за понатаму и до стабилизирање на состојбата.
– Сите спортски настани што треба да се одржат кај нас ќе бидат одложени до дополнително известување. Сите служби се во состојба на подготвеност и координација, подготвени за дејствување. Уште еднаш сочувство до сите во нашата земја кои беа погодени од оваа трагедија – изјави министерот за спорт и млади на Турција, Мехмед Касапоглу.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Турција можете да ги прочитате ТУКА.