Откажани и пренасочени летови поради магла на скопскиот аеродром

Сподели со своите пријатели

Густата магла што се надви над Македонија ги принуди аеродромските служби да откажат четири летови и да ги пренасочат кон охридскиот аеродром, а да ги одложи сите останати слетувања и полетувања од аеродромот Александар Велики во Скопје.

Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајдховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг.

Како што јавува АМСМ, денес магла со видливост од 100 до 150 метри има кај Петровец, Маџари, Кочани, Неготино и Македонски Брод, а од 30 до 50 метри на патиштата кај Тетово, Велес, Кула и Штип.

Loading...

Управата за хидрометеоролошки работи најави дека и во наредните денови се очекува магла по котлините.