Откажана венчавка се претвори во гозба за 120 бездомници (видео)

Сподели со своите пријатели

Сабота 17 Октомври, требало да биде најубавиот ден во животот на двaјцата младенци од американскиот град Сакраменто. Сè било подготвено за свадба од соништата за која семејството на невестата платило дури 35 ооо долари. Младенците ја изнајмуваат најубавата соба во еден од луксузните хотели и се одбира најдобрата храна.

Loading...

Но, во последен момент испаѓа дека нешто не оди според планот, пренесуваат американските медиуми, откако младоженецот се повлекува во последен момент, и  ја откажува свадбата, оставајќи го зад себе најголемиот страв на секоја невеста.

Семејството на невестата, останувајќи во шок, одлучува целата одберена храна да ја подели со 120 -ца бездомници.