Откажан концертот на Rudimental

Сподели со своите пријатели

Менаџментот на британски драм енд бејс состав „Рудиментал“ во последен момент го откажал концертот кој требаше да се одржи утре во Охрид, информираат организаторите на „Orange festival“ кој што ќе се случува денес и утре.

Loading...

Со оглед на тоа дека илјадници фанови веќе обезбедија влезница за да бидат дел од оваа журка, организаторите се обидоа во овие 24 часа да најдат соодветна замена. За таа цел, наместо нив, на 2 август со ист тајминг на плажа Немо свој настап ќе има дуото „Milk and Sugar“. Освен сетот на овие двајца извонредни диџеи со неброени настапи на Ибица, посетителите ќе добијат и бесплатен пијалок по сопствен избор. Пред нив пак, на први август свој настап има и Том Нови, диџеј кој што веќе се докажа пред македонската публика – наведуваат организаторите во денешното соопштение.

Цената на влезницата за „Milk and Sugar“ е 350 денари.

Инаку, „Milk and Sugar“ е германско дуо што продуцира извонредна хаус музика. Досега неколкупати ги освојувале германските топ листи.

Организаторите велат дека настапот на Рудиментал останува да се реализира од месец септември некаде во Скопје, за да се реваншираат на публиката која што со нетрпение ги очекуваше.

Сите оние кои што сакаат рефундирање на средствата за веќе купените влезници за „Рудиментал“, истото можат да го направат на продажните места од каде што ги купиле влезниците.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.