Откако им ги блокираше вестите, Фејсбук ги продолжува преговорите со Австралија

Сподели со своите пријатели

Австралискиот премиер Скот Морисон во саботата изјави дека технолошкиот гигант Фејсбук се врати на преговарачката маса откако ги блокираше вестите на својата страница во земјата претходно оваа недела.

Loading...

Ненадејната одлука на Фејсбук да ги спречи Австралијците да споделуваат вести на страницата и да ги отстрануваат и домашните и странските новински услуги резултираше со бришење на неколку владини профили, што ја налути компанијата.

„Фејсбук условно нè прифати како пријател повторно. Она што ме радува е фактот дека Фејсбук е повторно на маса”, рече Морисон на саботната прес-конференција.

Фејсбук официјално објави дека не ја сменил својата позиција во однос на законската одредба дека социјалните мрежи мораат да плаќаат за линковите што ги нудат за споделување вести.

Австралија е првата земја што воведе ваква одредба, а истата можност ја објави и Канада.

Австралискиот економист Џош Фрајденберг во петокот рече дека разговарал за ова прашање со извршниот директор на Фејсбук, Марк Закерберг и дека се очекуваат понатамошни разговори за време на викендот.

Leave a Reply