Откако Бајден пристигна во Киев се огласија сирени за воздушна опасност (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Откако беше објавена веста дека американскиот претседател Џо Бајден пристигна во Киев во историска посета на целата територија на Украина, прогласена е воздушна тревога за целата територија на Украина.

Loading...

За време на посетата на црквата Свети Михаил во Киев, се огласија сирените за воздушен напад.

Средбата меѓу Бајден и Зеленски се случи на денот кога Украина ја одбележува смртта на 107 лица за време на антивладините протести пред девет години.

На Киев не му се непознати официјалните посети, но оваа е поинаква.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Зеленски: Трамп нема официјален план за завршување на војната, подготвен сум за разговори

Фактот дека американскиот претседател се среќава со украинскиот лидер во срцето на главниот град среде целосен конфликт е значаен и симболичен.

Loading...

Заедно со Бајден и Зеленски, забележливо е големо обезбедување, особено од специјалците во униформи и со долго оружје.

Посетата на Бајден на Киев ја потврди и самиот претседател на Украина Володимир Зеленски на неговиот профил на Телеграм.

Речиси една година по целосната инвазија, таа испраќа јасна порака до Москва – дека Америка и Западот нема да се оддалечат од поддршката на Украина.

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.