Отишле на гробишта да запалат свеќа, а таму ги чекала глетка како од хорор филм (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мештаните на градот Јелизово на рускиот полуостров Камчатка, останале во шок кога дошле да ги посетат гробовите на своите најмили.

Родителите кои дошле да го посетат гробот на својот син и да запалат свеќа затекнале хорор глетка и уништени дваесетина гробови. Тие биле раскопани, а на некои можеле да се видат ковчези, па дури и човечки остатоци и облека од покојниците, а околу биле расфрлани искршени крстови.

Граѓаните пријавиле дека виделе медведи во близина на гробиштата поради што не смееле да се доближат. Животните во потрага по храна ја урнале металната ограда на гробиштата и ги сквернавеле гробовите.

Заминал на гробишта да бара духови, а тогаш го снимил ова (ВИДЕО)

Loading...

– Обично во оваа време медведите ловат риба, но оваа година ја нема во блиската река. Луѓето обично оставаат храна на гробните места и најверојатно мирисот на храна ги привлекол гладните ѕверови, рекол еден од надлежните.

Дури седум гробови биле раскопани до самите ковчези. Еден од медведите е уловен и убиен.

Leave a Reply