Отец Здравковски: Без разлика дали е среда или петок за Богојавление се јаде мрсна храна

Сподели со своите пријатели

Богојавление е господов празник и без разлика дали е среда или петок се јаде мрсна храна, што значи дека ќе може да се конзумираат пивтиите, вели отец Игор Здравсковски од Кумановско-осоговската епархија.

Според отец Здравсковски овој празник е во спомен на крштевањето Христово, значи моментот кога Бог се објавува, односно синот се крштева.

– Да не се збунат луѓето, во тоа време да не помислат дека друг е месијата, точно се потенцира на Христа и во тој спомен заради тоа што Христос со својата божествена природа влегува во водите, ги осветува, преку тоа и светот и ние имаме голем водосвет преку кој осветувајќи ги водите добиваме и здравје и спасение и полезност на душа со таа благодет негова, бидејќи ние сме дух, но и тело, се соединуваме на тој начин. Многу е важно оние верници кои ќе сакаат да скокаат по крстот меѓутоа и сите православни ги поканувам да дојдат на богослужбата, затоа што учествувајќи во богослужби не значи да се помине адет, туку благодатно енергиски се учествува во празникот, тоа не е само спомен дека било тогаш, туку радоста од настанот и ние молејќи се на бога, учествувајќи во светињата на службата и ние се осветуваме и такви обновени продолжуваме во животот. Од празник во празник растеме, осознаваме дека Бог што направи, не е остави туку така да живееме, туку рождеството го прославуваме, сега крштението, па воскресението, дека Бог е во нашиот живот да бидеме свесни и до крајот на вековите тоа ќе биде, изјави отец Игор Здравковски.

Инаку утре со почеток во 8 часот по повод Богојавление – Водици ќе се одржат свети литургии, а во Соборниот храм ќе чиноначалствува владиката Јосиф.