Владата денеска на он лајн настан ќе даде отчет за првите сто дена од новиот мандат, што го доби по предвремените парламентарни избори на 15 јули годинава.
Loading...
За сработеното, откако новиот владин состав беше избран во Собранието на 30 август, ќе говорат премиерот Зоран Заев, а тематски осврти ќе имаат и првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, вицепремиерите за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски и за европски прашања Никола Димитров.
Сите преостанати министри ќе бидат присутни на онлајн настанот преку зум конференциска врска.
Лидија Велковска