Освои 190 милиони евра на лотарија: Стана најбогатиот добитник во Британија

Сподели со своите пријатели

Сопственикотна ливче во Велика Британија го освои џекпотот од 170 милиони фунти на „јуромилионс“, што го прави најбогатиот победник на Велика Британија во лотаријата.

Loading...

Националниот оператор за лотарија „Камелот“ објави дека џекпотот од 170.221.000 фунти го има освоено едно ливче. Среќниот добитник сè уште не одговорил, па не е познато дали станува збор за едно лице, семејство или група на победници.

Избраните победнички броеви се 7, 10, 15, 44 и 49, со 3 и 12 како дополнителни броеви.

Ако победникот е индивидуа, неговото ново богатство би го сместило меѓу 1.000 најбогати во Велика Британија, според „Сандеј Тајмс“.

Според тој список за 2019 година, богатството на победниците би го надминало богатството на пејачите Том Џонс и Калвин Харис, кои обајцата „тежат“ 165 милиони фунти и Ед Шеран, „тежок“ 160 милиони фунти.

Среќниот сопственик го собори и претходниот рекорд поставен од Колин и Крис Вир, кои станаа најбогатите добитници на лотарија во Велика Британија кога освоија 161 милиони фунти во 2011 година.

Потребни се 18 кола за да достигнат максимална сума од 190 милиони евра, а потоа уште четири кола никој да не го освои џекпотот пред среќниот Британец.

Светскиот рекорд на добитничката на лотарија го држи победникот во Јужна Каролина, кој лани освои 1,5 милијарди американски долари на лотаријата во САД „Мега Милиони“.

Loading...

Leave a Reply