Освен тронот, Чарлс Трети ќе наследи и огромно богатство

Сподели со своите пријатели

По смртта на неговата мајка, британската кралица Елизабета Втора, нејзиниот најстар син Чарлс ќе стане крал, но ќе го наследи и нејзиното приватно богатство, колосално наследство што ќе го добие без да плати данок на наследство, привилегија резервирана за кралските наследници.

Loading...

Иако не постои обврска за британските монарси да ги откријат своите приватни финансии, познато е дека Елизабета во 2021 година открила дека нејзиното лично богатство изнесува 370 милиони фунти.

Бакингемската палата, кралската резиденција во Лондон и замокот Виндзор, триесет километри западно од Лондон, се државна сопственост.

Сепак, замокот Балморал, одморалиштето на кралското семејство и Сандрингам, каде што кралското семејство традиционално го слави крајот на годината, беа во сопственост на кралицата и ги наследува Чарлс.

Кралицата поседуваше и колекција на кралски поштенски марки вредни околу 100 милиони фунти.

Познатиот накит на круната, проценет на околу три милијарди фунти, симболично ѝ припадна на кралицата и автоматски се пренесува на нејзиниот наследник.

Принцот Филип, покојниот сопруг на Елизабета, остави поскромно богатство од 30 милиони фунти кога почина во април 2021 година.

Тој поседувал збирка слики од околу 3.000 дела, од кои повеќето биле во аманет на пријателите и семејството.

Loading...

Експертите велат дека Елизабета најверојатно оставила тестамент и дека некои ситни пари ќе наследат членовите на блиското семејство, но не и најголемиот дел од богатството што му припаѓа на Чарлс.

Самиот Чарлс, пишува Бета за медиумите на островот, има проценето богатство од 87 милиони фунти.

Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.