Осумнаестогодишник приведен за криумчарење на седум мигранти од Пакистан

Сподели со своите пријатели

Полицијата  во непосредна близина  на железничката  пруга во Велес, на 8 декември откри седум лица – илегални мигранти државјани на Пакистан.

Loading...

Се работи за лицата Р.А. (36), Н.Р.А. (33), А.Ј. (33), А.Т. (35), К.А. (27), Н.Р. (22) и Н.М. (23), и истите во Р.Македонија влегле пред четири дена илегално  во близина на ГП Богородица и се движеле пеш во правец кон Србија.

Лицата од Пакистан на 08 декември се сретнале со Р.С. (18) од Радовиш со кој се договориле за износ од 190 евра да им помогне да најдат такси за да стигнат на македонско – српската граница.

Откако ги земал парите, Р.С. ги сместил мигрантите во една од собите на куќата каде што живееле неговите родители и малолетната сестра. Во 11.30 часот  Р.С. бил пронајден и заедно со мигрантите бил приведен во ПС од ОН Велес. Против него ќе биде поднесена кривична пријава поради основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти“.

Истиот е задржан во ПС за ОН Велес, за понатамошна постапка и во текот на денот ќе биде спроведен до ОЈО за гонење на сторители од областа на организираниот криминал и корупција и основниот суд Скопје-1 во Скопје, а мигрантите се сместени во Прифатниот центар за странци.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.