Осум лица се здобиле со телесни повреди во две сообраќајни незгоди кои се случиле утринава по 10 часот во кумановско, едната кај клучката за автопатот во Којнаре, а втората во населба Карпош.
Информацијата ја потврдија и од кумановската болница каде на повредените им била укажана лекарска помош.
На две одделни локации се имаат случено две сообраќајни незгоди и тоа во скоро исто време со многу мало временско растојание. Донесени се вкупно осум пациенти во едната има тројца повредени, во втората пет повредени, од кои ниту еден не е задржан на хоспитално лекување. Има еден тешко повреден во осумте пациенти кои ни се донесени со Итната медицинска помош и тоа со фрактура која конзервативно засега ќе се третира – изјави Стефан Трајановски, дежурен хирург при Општа Болница Куманово.
Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.