Осум лица убиени во Тексас, Бајден повторно бара Конгресот да го забрани јуришното оружје

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Џозеф Бајден, по вооружениот напад за време на викендот во Тексас, во кој беа убиени осум лица, го повтори својот повик до Конгресот да го забрани јуришното оружје.

Loading...

„Уште еднаш барам од Конгресот да ми испрати закон за забрана на јуришно оружје“, рече Бајден во изјавата, осудувајќи го нападот во американската сојузна држава Тексас, во кој вооружен маж уби осум лица во трговски центар.

Напаѓачот, кој е идентификуван како Маурицио Гарсија (33), бил убиен од полицијата.

Бајден го нарече нападот „бесмислен чин на насилство“ и рече дека „веднаш ќе го потпише“ законот доколку Конгресот му го испрати.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американците ставија вето за прием на Палестина во ООН

Вооружениот напаѓач бил вооружен со пушка АР-15 и имал најмалку уште едно оружје со себе кога полицијата го застрелала, изјави за Си-Ен-Ен неименуван полициски функционер.

Во неговиот автомобил полицијата пронашла и неколку парчиња оружје.

Белата куќа објави дека поради новото масовно убиство во САД, знамињата ќе бидат спуштени на половина копје над шефот на државата, јавните федерални и воени згради.

Најмалку осум лица загинаа кога вооружен маж отвори оган пред трговски центар во близина на Далас, Тексас, соопштија властите во Тексас рано во неделата.

Loading...

Во нападот се ранети седум лица, од кои тројца се во критична состојба.