Осум лица повредени во сообраќајка кај селото Војник

Сподели со своите пријатели

Осум лица се здобиле со телесни повреди во сообраќајна несреќа која вчера околу 16:50 часот се случила на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово кај селото Војник.

Во несреќата учествувале три патнички возила со кумановски регистерски таблици и едно патничко моторно возило со гостиварски регистерски таблици при што со повреди се здобиле осум лица.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Секторот за внатрешни работи – Куманово и се работи на целосно расчистување на случајот.