Осум години од нападот во Диво насеље: Да не се повтори, да не се заборави!

Сподели со своите пријатели

Денеска се навршуваат осум години од оружената престрелка во кумановско „Диво Насеље“ во која загинаа осум припадници на безбедносните сили. Куманово се сеќава на 9 и 10 мај 2015-та година.

Loading...

Жителите на населбата „Тоде Мендол“ или популарното „Диво насеље“, денеска веќе живеат нормален живот. Во уличката каде се водеа борбите остана да сведочи една куќа која сè уште има вдлабнатини од куршумите. Останатите куќи веднаш по настанатите, беа реконструирани.

 

 

Тоа утро на 9-мај 2015 година, никој од кумановци нема да го заборави, секој со својата приказна.

Пукотниците се слушаа од раните утрински часови, во тој дел од Куманово се гледаше густ црн чад.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

Дел од „Трета МУБ“ целосно беше затворен за сообраќај. Жителите кои живеат накај „Тоде Мендол“ раскажуваа дека почнала војна.

Loading...

Хеликоптери го надлетуваа Куманово, работници не можеа да отидат на работни места. Градот занеме.

Овој трагичен настан во кој животите ги загубија осум припадници на македонските безбедносни сили ги длабоко ги вознемири кумановци.

Граѓаните и наредниот ден слушаа рафали, се гледаше црн чад. Престрелките со различен интензитет траеја 28 часа.

Во оружената престрелка покрај осумтемина припадници на полициските сили, беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Два дена градот живееше во неизвесност и страв. Исклучително трагичниот настан засекогаш ќе остане во сеќавање на кумановци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

Денеска, во Соборниот храм „Свети Никола“ во организација на група бранители од Куманово ќе се одржи панихида во чест на осумте загинати припадници на безбедносните сили, Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ, кои посмртно се одликувани со медали за храброст.

МИА