Осуден за воајеризам, а го откриле поради неверојатна глупост

Сподели со своите пријатели

Ентони Дајнс (31) осуден е за воајеризам откако случајно се снимил самиот себе како инсталира камера во тоалет на еден лондонски кафиќ. Тој поставувал мал апарат во отворот за вентилација во „Старбакс“ во Воксол кој останал таму четири недели, пред да го забележи едно момче.

Дајнс во полиција го пријавиле неговит еколеги откако полицијата апелирала во јаноста и бојавила негови фотографии како ја поставува камерата. По приведувањето, Дајнс признал дека инсалирал слична направа во тоалети кај својот работодавач. Уште мини камери и мемориски картички биле пронајдени во неговиот дом. Се изјаснил како виновен за воајеризам.

Осуден е на 200 часа волонтерска работа, ќе биде запишан во регистарот на сексуални престапници пет години, а за време на тој период нема да смее да живее со деца помлади од 18 години. Исто така ќе мора да плати 170 фунти за судски трошоци и да посетува 30-дневен програм за рехабилитација.