ОСТАВАЊЕ БАКШИШ: Каде е задолжително, а каде навреда?

Сподели со своите пријатели

Ако одите на патување неподготвени, давањето бакшиш може да биде непријатно искуство.

Loading...

Без разлика дали сте во такси, ресторан или хотел, може да се очекува да оставите дополнителни пари за услугата што ја добивате. Од друга страна, бакшишот може некаде да предизвика негативна реакција.

Затоа, пред да патувате, секогаш информирајте се за правилата поврзани со давање бакшиш, а ние ви даваме упатства за некои дестинации.

САД

Кешот сè уште се користи во САД, делумно и поради полесно давање бакшиш. Вработените во кафулиња, барови и ресторани тука навистина живеат без бакшиш, затоа секогаш имајте со себе банкноти од 1, 5 и 10 долари.

Се претпоставува дека на келнерот ќе оставите 15% од вредноста на сметката, а дури 20% во ексклузивните ресторани. Таксистите очекуваат 15% за возење, или 20% ако ви помогнат со багаж.

Во хотелите каде што платите се мизерни, треба да оставите еден долар на персоналот задолжен за чистење, како и на портирот и консиержот доколку тие ви помогнале.

Јапонија

Ако се спротивставувате на културата на парични награди и бакшиши, Јапонија е вистинското место за вас. Во повеќето ресторани во оваа земја, сметката ќе ја намирите на централната каса, а не кај келнерот. Оставањето бакшиш дури може да се смета за навредливо.

Единствениот случај во кој давањето бакшиш може да се смета за прифатливо е за ангажман на туристичкиот водич. Тогаш не смеете само да му ставате банкноти во неговите раце – затоа што се смета за навредливо и понижувачко.

Loading...

Наместо тоа, спакувајте ги парите, не повеќе од 10% од вредноста на турата, во убава коверта. Дискретно, со наклон ќе ја предадете ковертата на вашиот водич.

Јужна Африка

Ако башишот не е веќе вклучен во сметката, вообичаено е да оставите помеѓу 10 и 15% од вредноста на сметката. Кога паркирате, луѓето во униформа (или неформални помагачи) честопати ќе ве упатат кон првиот бесплатен простор за паркирање.

Обично пракса е да ги наградите овие „чувари“ со 5-10 ранди кога ќе се вратите за автомобилот.

На бензинските пумпи, треба да им дадете иста сума на вработените кои наместо вас го точат горивото.

 

man in white button up shirt holding black and white box
Photo by Jessie McCall/Unsplash

 

Дубаи

Ако ресторан или кафуле, кое не е дел од хотел, вклучува бакшиш во вашата сметка, тоа е директно кршење на законот (истото важи и за Абу Даби).

Оваа практика беше забранета пред повеќе од 10 години, бидејќи не е во согласност со законот за заштита на потрошувачите. Бакшиш не се очекува, но келнерите и таксистите ќе го добијат со задоволство.

Loading...

За време на Рамазан, обично се даваат малку повеќе бакшиши. Во тој период, толеранцијата кон бавните келнери и лошата служба е поголема, бидејќи тогаш луѓето работат цел ден постејќи, без храна и вода.

Австралија

Поради високите плати во хотелската и угостителската индустрија, како и фактот дека „servise change“ веќе е вклучена во сметките по кафулиња и ресторани, повеќето Австралијци нема често да  остават бакшиш.

Затоа не треба да го правите тоа, освен ако не сакате да покажете дека сте крајно задоволни од услугата.

Бакшишот во Австралија не е обврска, туку награда. Келнерите ќе бидат задоволни што ќе го примат во секој случај. Во случај на туристички водичи, правилото е малку поразлично, и овде се очекува бакшиш.

Тајланд

Во Тајланд не се очекуваат бакшиши при купување храна и пијалоци на улични тезги. Сепак, треба да се остават пари во кафулиња и ресторани.

Најдобро е да се заокружите на околу десет бахти. Во Бангкок таксистите честопати возат без таксиметар, а во тој случај секогаш барајте проценка на цената пред да се возите. Ако седите во такси со таксиметар, тогаш кога плаќате, можете да ја заокружите цифрата, повторно до најблиската десетина од бахот.

Малдиви

И покрај фактот дека Малдиви има своја валута (руфија), вообичаено е бакшишот да се остави во долари. Ако ви се наплаќа 10% бакшиш во сметката во ресторанот на хотелот, не заборавајте да го оставите тој дел во готовина. Ако плаќате за тоа со картичка, скоро е сигурно дека парите нема да стигнат до келнерот.

Бидејќи одморалиштата се изолирани, изградени на мали ненаселени острови, хотелскиот персонал и келнерите честопати се одвоени од нивните семејства со месеци и генерално добиваат многу ниски плати. Секој бакшиш ќе им значи нешто.

Loading...

Чешка Република

Културата за давање бакшиш во моментов е во транзиција во Чешката Република, особено во Прага. Традицијата на заокружување на сметките до најблиските десет круни е се помалку и помалку практикувана.

Благодарение на големиот прилив на туристи од запад, практиката да се остави бакшиш вреден 10% од сумата на сметката станува сè попопуларна.

Исто така, вреди да се спомене дека професијата келнер е една од најлошо платените во Чешка. Бидејќи тие просечно заработуваат околу 5 евра на час, келнерите со благодарност ќе ги прифатат дарежливите бакшиши.