Остатоци од брод на руска царска флота откриени по 113 години

Сподели со своите пријатели

Јужнокорејските експерти откриле остатоци од воениот брод „Дмитриј Донској“ кој бил дел од руската царска фолта и се борел во руско-јапонската војна водена од 1904. до 1905. година.

Остатоците се пронајдени на дното на Јапонското море, кај брегот на јужнокорејскиот источен остров Улеунг, пренесува агенцијата ТАСС.

– Ги пронајдовме остатоците од бродот „Дмитриј Донској“ на длабочина од 434 метри во морето, 1,3 километри од островот Улеунг, соопшти „Шинил“ групата која со години трага по овие остатоци.

Компанијата навела дека името на бродот „Дмитриј Донској“ се наоѓа на задниот дел од бродот.

Пронајдени остатоци од брод со богатство од 17 милијарди долари

Loading...

Бродот претрпел тешки оштетувања од многубројните гранати за време на борбите во јапонските воени бродови, но палубата е добро сочувана, наведува „Шинил“ групата, која очекува дека остатоците од бродот ќе бидат извлечени од Јапонското море во блиска иднина.

„Дмитриј Донској“ учествувал во битката кај Цушима и покрај значителните оштетувања се борел до крајот, по што тргнал кон Владивосток, но наишол на јапонски воени бродови кои трагале по остатоците на руската царска фолта.

Не сакајќи да се предаде, екипажот на рускиот брод се одлучил за потопување што и се случило на 29. мај 1905 година.

Leave a Reply