Ребека Вилсон (29) работела од 9 до 17 часот на онлајн продажба. По породувањето побарала од работодавецот да работи со скратено работно време, но бидејќи тоа не ѝ било дозволено, била принудена да даде отказ.
Сепак, овој непријатен настан се претворил во нешто големо – ја навело да стане инфлуенсер кој објавува рецепти и има речиси половина милион следбеници!
View this post on Instagram
Ребека вели дека се започнало кога нејзината ќерка Нина почнала да јаде цврста храна.
Мајката потоа почнала да ги документира своите рецепти и да ги објавува на Инстаграм, а останатото е историја.
View this post on Instagram
„Кога го замолив мојот тогашен работодавец да работам со скратено работно време поради детето, тој не ми дозволи, па станав домаќинка. Почнав да споделувам рецепти на Инстаграм и тоа веднаш им се допадна на сите. Отсекогаш сакав да готвам, па навистина уживав да гледам како на луѓето им се допаѓаат моите рецепти и бараат уште повеќе. Така, постепено мојот бренд прерасна во она што е денес”, вели оваа млада мајка.
View this post on Instagram
Нејзиниот совет за оние кои сакаат да бидат успешни на социјалните мрежи е да не размислуваат веднаш за бројките, туку „едноставно да го споделат она што го сакаат“.
„Кога го сакате она што го работите, луѓето доаѓаат кај вас сами“, вели таа.
View this post on Instagram
Ребека признава дека работи многу, но дека ужива, па не и е тешко.
Таа исто така истакнува дека тоа што го работи сега го сака многу повеќе од претходната работа.
View this post on Instagram
Таа неодамна ја објави и својата книга со рецепти Family Comforts, која веќе е на најпродаваните листи.
View this post on Instagram