Основците во еко-автобус се запознаа со бенефитите од рециклирањето (фото+видео)

Сподели со своите пријатели

Денес во просториите на Општина Куманово беше потпишан трилатерален договор за селективно собирање на комуналниот смет, а првата фаза од неговата имплементација ќе опфати еколошка едукација на учениците.

 

Loading...

DSC_0028

 

Едукативниот автобус на „Пакомак“ денеска со краток 3Д филм еколошки ги едуцираше учениците од ООУ „Крсте Мисирков“, а ваквиот проект ќе продолжи низ сите основни и средни училишта низ градот.

Заедно со Општина Куманово ќе направиме и одредена кампања меѓу граѓаните за подигање на свеста, значи да ги едуцираме каде во која канта што да фрлаат. Почнуваме денеска и со основните училишта каде во нашиот Еко-автобус низ кој до сега поминаа околу 35 илјади основци од прво до петто одделение и основците од Куманово ќе се запознаат со бенефитите од рециклирањето на еден интересен начин како школски час во нивните училишта и веруваме дека почнувајќи од најмалите, па со поголемите основци и средношколците со тек на време Куманово ќе стане еколошки град во кој навистина граѓаните ќе се грижат за животната средина и нема да ги оштетуваат контејнерите што ќе ги поставиме – изјави Филип Ивановски, директор на компанијата „Пакомак“.

 

DSC_0032

 

Апел до граѓаните да не ги оштетуваат садовите за селективен отпад денес испрати и градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски.

Нашиот однос према комуналната опрема е познат и мислам дека е крајно време да се однесуваме многу поцивилизрано према јавниот интерес, према општото добро. Ние по закон треба да имаме комуинални редари кои на некој начин треба да прават мониторинг и санкции према одредените луѓе кои неадекватно се однесуваат кон комуналната опрема, но мора да констатирам дека тој дел од службата поради бројот на извршителите не е доволен за да го заштити градот во овој опсег – рече Дамјановски.

Loading...

 

Тој додава дека во иднина ќе има усилби за заштита на контејнерите, но и спречување на дивите депонии да изникнуваат на секој агол од градот.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.