Основците од ООУ ”Крсте Мисирков” донираа за жителите на селото М’глинце

Сподели со своите пријатели

Учениците од Општинското Основно Училиште ”Крсте Мисирков”, како  родителите и активистите на ОО на Црвен Крст во текот на вчерашниот ден донираа 45 пакети од храна и облека наменети за жителите на планинското село М’глинце.

Loading...

Сместено во подножјето на планината Козјак и одалечено 20 километри од градот, во селото живеат 64 жители, и се соочуваат со услови кои се на работ на сиромашитја, па оттука и желбата да донираме токму таму, вели Зоран Тасевски, одделенски наставник во кумановското основно училиште.

  • Ова е петта година по ред како со моите, но и учениците од целото училиште собираме храна и облека за ранливите категории на граѓани, но оваа година решивме да излеземе од границите на градот и да донираме во село кое живее на работ на сиромаштија. Во тоа село живее и стар човек инвалид и сакавме да помогнеме некако. Нашите активности се спроведуваат во соработка на Активот на Црвен Крст и нашите ученици. Вчера се упативме кон селото, дониравме и напладне се вративме дома затоа што е далечен патот до оваа планинско село, вели Тасевски.

Во текот на хуманитарната акција, во ООУ ”Крсте Мисирков” беа собрани 45 пакети од кои шест со храна а останатите со облека.

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.