Основачот на Алибаба ја загуби титулата најбогат Кинез во светот

Сподели со своите пријатели

Основачот на Алибаба и Ант Груп, Џек Ма ја загуби титулата најбогат Кинез откако неговата деловна империја беше ставена под строга контрола од страна на кинеските регулатори, додека неговите ривали напредуваа на новиот „Глобален ранг на богатите за 2021 година“ на истражувачката и медиумска група Хурун.

Loading...

Ма и неговото семејство го држеа првото место на списокот на Хурун за најбогати луѓе во Кина во 2020 и 2019 година, а сега тие паднаа на четвртото место.

На него му претстојат Џонг Шаншан, сопственик на компанијата за производство на флаширана вода Nongfu Spring, потоа Пони Ма, кој го води Tencent Holding и Колин Хуанг, од компанијата Pinduoduo за електронска трговија, пренесува Ројтерс.

Хурун забележува дека регулаторот на кинескиот пазар започнал истрага за монопол над Алибаба, откако Ма во октомври минатата година јавно го критикуваше кинескиот регулаторен систем.

Новата листа на Хурун се прошири на 259 лица кои имаат богатство од една милијарда долари и брои вкупно 1.058 лица, со што оваа земја е прва во светот што ја премина границата од 1.000 милијардери.

За споредба, САД примија 70 нови милијардери, со што нивниот број достигна вкупно 696.

Актуелниот најбогат Кинез, Џонг, за прв пат го зазеде првото место на списокот на Хурун со богатство од 550 милијарди јуани (85 милијарди долари), што го стекна главно благодарение на растот на цените на акциите на „Nongfu Springa“ и на производителот на вакцини „ Пекинг Вантаи Биолоџикал Фармаси“ , под негова контрола.

Богатството на второпласираниот Пени Ма од Тенсент се зголеми за 70% на 480 милијарди јуани (74,3 милијарди долари) минатата година, додека активата на Хуанг Пундуодуо скокна за 283 проценти на 450 милијарди јуани (69,6 милијарди долари), пишува весникот.

Loading...

Богатството на Џек Ма и неговото семејство минатата година се зголеми за 22 проценти, на 360 милијарди јуани (55,7 милијарди долари).

Џанг Џиминг, основач и сопственик на TikTok и ByteDance, за прв пат се проби меѓу петте најбогати Кинези на Глобалната листа на богати на Хурун, со проценето лично богатство од 54 милијарди долари.

Leave a Reply