Османи во Софија: Преку искрен пристап во соочувањето на историските факти, ќе ги надминеме разликите

Сподели со своите пријатели

Имаме Договор за пријателство кој нѐ обврзува и на политичка и на експертска соработка. Само преку отворен, искрен и позитивен пристап во соочувањето на историските факти со денешната реалност, можеме да ги надминеме разликите и да ги идентификуваме заедничките точки кои нѐ поврзуваат, порача денеска во Софија министерот за надворешни работи Бујар Османи на средбата со бугарскиот премиер Борко Борисов и заменик-претседателката за правосудна реформа и министер за надворешни работи, Екатерина Захариева.

Loading...

Соговорници, како што соопшти МНР, изразиле задоволство за идната средба на Заедничката експертска комисија на средината на овој месец и ги охрабриле членовите на Комисијата да продолжат посветено со својата работа и да обезбедат соодветни резултати.

Потврдувајќи дека европската перспектива е гарант за стабилност и просперитет на регионот, поздравени се ангажманите во рамки на Договорот за пријателство и добрососедство, како и вкупната соработка што се реализира меѓу двете држави во сите области од заемен интерес.

Посебно е поздравена соработката меѓу министерствата за одбрана и други безбедносни структури, сега како сојузници во НАТО.

Во фокусот на средбата биле и билатералните односи меѓу двете држави и напредокот на Северна Македонија во процесот на европската интеграција.

– Ние сме на прагот на реализацијата на нашето заедничко ко-претседавање со Берлинскиот процес, еден од најзначајните регионални иницијативи за економско, инфраструктурно и политичко поврзување на земјите од Западниот Балкан. За само неколку дена почнува серијата министерски средби за внатрешни работи, за здравство, за економија, кои очекувам да вродат со плод и бидат крунисани со исклучително успешен самит овде во Софија на 10 ноември. Самит кој по самата природа е историски затоа што за прв пат го претседаваат земја – членка на ЕУ, Бугарија, и земја кандидат за членство во ЕУ – Северна Македонија, истакнал Османи.

Тој изрази благодарност за севкупниот досегашен ангажман на Бугарија за унапредување на европската агенда на регионот, со тоа и нашиот напредок кон Унијата, со очекување до крајот на годината да се одржи првата Меѓувладина конференција и конечно формално да започнат пристапните преговори на Северна Македонија со Европската унија.

Министрите го разгледале и напредокот во инфраструктурното поврзување меѓу двете земји и можностите за зголемување на трговската размена, понатамошниот развој на туризмот, како и соработката во здравството, образованието, културата, одбраната, безбедноста и сите други области во кои се бележат резултати. 

Loading...

Билјана Анастасова-Костиќ

Leave a Reply