Османи успешно ја заокружи посетата на Унгарија

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на работната посета на Унгарија,  оствари средба и со советниците за надворешна политика на унгарскиот премиер, Виктор Орбан – Јанош Бала и Јанош Мате.

Loading...

На средбата со двајцата советници, беше разговарано за блиските билатерални односи меѓу двете земји и потребата од интензивирање на истите, посебно беа разгледани модалитетите за унапредување на соработката на економски и трговски план, каде сѐ уште постои голем неискористен потенцијал кој треба да биде искористен, пред сѐ од страната на бизнис заедниците на двете земји.

Во тој контекст, соговорниците посебно се согласија за значењето од одржување на 4-та сесија на Мешовитата македонско – унгарска комисија за економска соработка, кога за тоа ќе бидат создадени епидемиолошките услови.

На средбата беа разменети мислења и за други актуелни прашања и случувања во Регионот, како во однос на регионалната соработка  така и за отворените билатерални прашања и процеси кои се значајни за стабилноста и европската перспектива на Западниот Балкан, но и на Европската Унија.

Османи претходно оствари средба и со неговиот домаќин, министерот за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто.

Министерот Османи во последните три дена имаше интензивна агенда со посета на земјите–членки на ЕУ дел од поширокото соседството на Западниот Балкан, Чешката Република, Романија и Унгарија, а мини – турнејата на поширокиот регион завршува на 21 декември со посета на Австрија.

Интегрално соопштение: МНР

Leave a Reply