Османи: Соработката и пријателството меѓу Северна Македонија и Обединетото Кралство продолжуваат со несмалено темпо

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари телефонски разговор со министерката за Европско соседство и Америка на Обединетото Кралство, Венди Мортон.

Loading...

Министерот Османи изрази задоволство од долгорочното партнерство со Обединетото Кралство во изминатите 27 години, за кое истакна дека се рефлектира преку динамичен политички дијалог, силно развиена економска и секторска соработка.

„Претставува навистина импозантен факт што Обединетото Кралство во моментов претставува втор трговски партнер на Република Северна Македонија и еден од најголемите странски инвеститори во земјава“, посочи Османи, укажувајќи на важноста на новиот Договор за партнерство, трговија и соработка кој обезбедува непречена транзиција на севкупните економски односи меѓу двете земји и по формално напуштање на Обединетото Кралство на Европската Унија.

„Со потпишувањето на овој договор обезбедивме предвидлива околина за бизнисите кои имаат воспоставено економски релации меѓу двете земји, како и солидни услови за уште поголем развој на економската соработка меѓу двете земји, посочи Османи.

Во рамките на разговорот беше отворена темата и за партнерството во рамки на НАТО, за кое соговорниците се согласија дека продолжува со несмалено темпо. Османи посочи дека од круцијално значење е силната британска поддршка која ја добива нашата Армија во функција на заедничко придонесување кон регионалната стабилност и глобалната безбедност.

Министерот се заблагодари и за добиената поддршка од ОК за претседавањето со ОБСЕ во 2023, реафирмирајќи ги заложбите за промоција на нашата земја како стабилен меѓународен партнер кој ги поддржува човековите права, демократијата, владеење на правото итн.

Министерката Мортон посочи дека Северна Македонија успеа во изминатиот период да преземе храбри одлуки и да постигне исклучителни резултати, што резултираше со официјализација на членството во Алијансата. Таа изрази уверување дека наскоро ќе се надминат и предизвиците поврзани со билатералните прашања и ќе биде усвоена Преговарачката рамка за отпочнување на ЕУ пристапните преговори со Северна Македонија. Иако Обединетото Кралство ја напушта Унијата, таа останува да ги поддржува реформските процеси во Северна Македонија.

Интегрално соопштение: МНР

Loading...

Leave a Reply