Османи: Северна Македонија и Турција остануваат стратешки партнери

Сподели со своите пријатели

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи оствари средба со Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу во рамки на посетата на  Северна Македонија.

Loading...

„Традиционално блиските пријателски односи меѓу двете земји се вистински пример за градење на стратешко партнерство, и во таа смисла, со задоволство можам да кажам дека со ратификацијата на Протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО од страна на Големото народно собрание, Турција ја докажа долгогодишната поддршка на нашата земја на нејзиниот пат кон европската и евроатлантската интеграција”- истакна Османи.

Во продолжение на средбата двајцата соговорници разговараа за билатералната соработка и можностите за нејзино продлабочување во иднина, во рамки на долгогодишното стратешко партнерство, а беа отворени и темите поврзани со европската интеграција и перспективите на земјава во претстојниот период, во очекување на почетокот на преговорите во октомври. Османи и Чавушоглу разменија мислења и за состојбите во регионот, посочувајќи дека успехот во надминувањето на отворените прашања на Северна Македонија со соседите е светол пример на Балканот кој треба да биде мотив и поттик и за останатите балкански земји.

Текст и фото: Секретаријат за европски прашања

Leave a Reply