Османи на зелена проштална средба со Тејада во градскиот парк

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, денеска во Градскиот парк имаше зелена проштална средба со амбасадорката на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, Сибил Сутер Тејада, која го завршува мандатот во земјава.

Loading...

„Високо ја вреднуваме Вашата дипломатска активност, поддршка и личен ангажман во изминатите години. Во наследство на земјата ќе останат бројни и успешни проекти, благодарение на Вашата посветеност и континуираната билатерaлна поддршка од страна на Швајцарија, која датира од 1992 година“, истакна Османи.

 

 

На средбата соговорниците разговараа и за потенцијалите на најновата Стратегија за Северна Македонија за периодот 2021-2024, со која ќе бидат алоцирани дури 72 милиони швајцарски франци за нашата земја. Овие средства наменети за трите тематски области: демократско управување; вработување и економски развој; инфраструктура и животна средина претставуваат значаен придонес и поттик за развој на општините и институциите во државата. Конкретно, истите ќе бидат наменети за инвестирање во ефективно управување со отпадот, завршување на канализациските мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, за повеќе зеленило, повеќе паркови и многу други проекти.

Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, состојбите во Регионот и регионалната соработка и неговите европски перспективи.