Османи на средби со шефовите на дипломатиите на Словенија и Србија

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на маргините на Самитот на Процесот за соработка во Југоисточна Европа во Солун, реализираше средба со заменик претседателот на Влада и министер за надворешни работи на Република Словенија Тања Фајон и министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ.

Loading...

Упатувајќи честитки за формирањето на новата Влада на Словенија, Османи упати благодарност за досегашната континуирана словенечка поддршка за напорите на Северна Македонија за реализација на своите стратешки цели, особено нагласена за време на претседавањето на Словенија со Советот на Европската унија.

Министрите се осврнаа и на актуелната тешка ситуација во Украина, осудувајќи ја неоправданата и нехумана воена агресија на Русија, потенцирајќи дека тоа е сериозна повреда на основните принципи на меѓународното право, удар врз демократскиот поредок и закана за стабилноста на Европа. При тоа, разменети беа и мислења за последиците врз економиите и енергетските токови во Европа и пошироко, како и хуманитарната криза на бегалците од Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

На средбата со министерот Селаковиќ, беше нагласено задоволството од успешно завршениот Самит на Отворен Балкан во Охрид, како и потврдата на државите учеснички за неговите досега постигнати резултати и ефекти во однос на понатамошното либерализирање на движењето на луѓето, робата, услугите и капиталот. Посебно беше истакнат фактот што се договорија нови форми на понатамошна нагласена соработка во областа на вработувањето, туризмот и културата. Развојот на ваквите иницијативи е најдобар начин за напредок на нашиот регион, што е и целта на патот на интеграцијата во Европската унија, но тие треба да бидат инклузивни и не смеат да бидат во колизија ниту замена за членството на сите држави од регионот во ЕУ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Македонскиот е мал народ, но голем во срцето

Министрите Османи и Селаковиќ, и го поздравија развојот на процесот и досегашните одлуки на МПЦ-ОА и СПЦ, со што се овозможува надминување на меѓусебните недоразбирања на овој план, како и конечно разрешување на прашањето со автокефалноста на МПЦ-ОА во Цариград, каде наскоро се очекува одржување на заедничка литургија во Вселенската патријаршија и добивање на томос.