Османи домаќин на шефот на грчката дипломатија Дендијас

Сподели со своите пријатели

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денес беше домаќин на министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас кој престојува во официјална посета на Северна Македонија.

Loading...

Посетата на министерот Дендијас е продолжение на интензивната комуникација меѓу двајцата министри за надворешни работи, кои во разговорите констатираа континуитет на позитивната динамика во односите и соработката која воедно претставува модел за целиот регион, каква треба да биде соработката и како успешно да се разрешуваат сите отворени прашања меѓу два соседи.

Ваквиот развој во преден план го става интензивниот политички дијалог, кој придонесува за зацврстување на довербата, за промовирање на целите и придобивките на стратешкото партнерство меѓу двата блиска соседа, со што се отвораат нови перспективи во економската соработка, енергетското поврзување и искористување на сите други капацитетите за продлабочување на соработката и во повеќе области, беше нагласено на средбата. Во прилог на тоа зборува фактот дека во првите осум месеци на годинава, трговската размена меѓу двете земји е за 20 отсто поголема во однос на истиот период минатата година.

Министерот Османи го информира својот соговорник дека Владата на Северна Македонија продолжува да биде посветена на реализирањето на обврските предвидени со Преспанскиот договор, изразувајќи уверување дека Грција ги препознава и вреднува нашите напори, што ќе биде дополнителен мотив, што побргу да биде завршена ратификацијата на неколку меѓународни договори во грчкиот парламент. Со тоа дополнително ќе се овозможи унапредување на билатералната соработка во дадените сегменти.

Тој упати благодарност за цврстата поддршка на Владата на Грција за почеток на пристапните преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ, како и уверувањето дека таквата поддршка нема да изостане и во периодот кој е пред нас. „Грција продолжува да биде силен лобист за нашата интеграција и започнувањето на пристапните преговори, што Северна Македонија посебно го цени“, нагласи Османи.

Соговорниците приликата ја искористија и за размена на мислења и ставови за најновите состојби во регионот, регионалната соработка, кризните жаришта и акциите преземени за надминување на истите, при што беше нагласено дека, како сојузници во НАТО и стратешки партери во ЕУ, неопходна е заедничка координираност за максимизирање на ефектите.

Министерот Османи упати благодарност за помошта која Грција великодушно, во изминатиот период ја даде за нашата земја, за време на пожарите и за справување со пандемијата со Ковид 19.