Ослободени 37 фоки од канџите на криумчарите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Меѓународните оргнизации за заштита на правата на животните го поздравија ослободувањето на 37 младенчиња од пегави фоки кои биле спасени од рацете на криумчарите и вратени во своите живеалита.

Loading...

Во соопштението на организацијата „Хумано интернационално друштво“ се вели дека кинеската полиција пред три месеци пронашла младенчиња на фока на зафрлена фарма на подрачјето на градот Далијан.

Некои од младенчињата биле изгладнети и животно загрозени, пренесува АП.

Во полициската акција приведени биел осум лица.

Се наведува дека криумчарите на овие животни киднапирале младенчиња од нивните природни живеалишта за да ги продаваат на фирми кои држат изложбени аквариуми, како и да ги понудат за исложби на комерцијални места, како продавници и ресторани.

Полицајците не успеале да спасат 29 од младенчињата кои угинале, бидејќи животните биле стари помалку од две недели кога биле пронајдени и не можеле да се хранат со ништо друго освен со млеко од своите мајки.

Пегавите фоки некогаш биле ловени поради користење во традиционалната кинеска медицина, но сега се заштитен животински вид во Кина.

Leave a Reply