Ослепела додека ги тетовирала очните јаболка: Телото ѝ е прекриено со тетоважи, а причината е бизарна (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Сара Сабат (26) од Тексас, рече дека ослепела додека ги тетовирала очните јаболка бидејќи тату мајсторот погрешел и не ставил доволно солен раствор. Сепак, таа не жали затоа што ги сака своите тетоважи.

Loading...

Љубителката на тетоважи Сара Сабат (26) е целосно покриена со тетоважи.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Castillo (@sarahsabbath)

 

Била малтретирана на училиште поради нејзината „влакнетост“, па отсекогаш сакала да го покрие своето тело со мастило. Таа исто така додаде како тетоважите ѝ помогнале да стане посилна.

Додека ги тетовирала очните јаболка, тату мајсторот не направи добра „работа“, односно ставил премногу мастило и малку физиолошки раствор. Поради тоа, Сара не видела ништо и морала да оди на лекар. Таа добила капки за очи и станала многу депресивна.

 

Loading...

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Castillo (@sarahsabbath)

 

„Ми беше многу тешко да направам нешто што не можев да гледам телевизија, дури не можев да бидам во близина на силни светла и не сакав да излезам. Бев многу депресивна поради тоа”, рече таа, додавајќи дека таа сѐ уште не се кае за нејзините тетоважи, иако тие го „загрозиле“ нејзиното здравје.

„Мислам дека потрошив околу 4.000 долари за нив. Тие ми помагаат да се изразам и да се чувствувам подобро”, открила таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Castillo (@sarahsabbath)

 

Таа исто така рече дека често добивала коментари за нејзиниот изглед, но дека тоа не ја спречило да продолжи да се тетовира.

Loading...

„Луѓето често мислат дека сум необразована, а некои дури претпоставуваат дека сум криминалец. Но, тоа не ми пречи. Сите сме различни и секој има свое мислење”, рече таа, додавајќи дека сака повеќе тетоважи на нејзиното лице.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Castillo (@sarahsabbath)

 

„Тие се мојот штит. Тоа е мојот начин на живот и дел од мене. Никогаш нема да престанам да се тетовирам”, заклучила таа, а пренесува The ​​Sun.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Castillo (@sarahsabbath)


Loading...