ОШЗС Куманово: Зголемен број заразени меѓу младата популација, да се почитуваат мерките!

Сподели со своите пријатели

Бројот на нови случаи на коронавирусот се зголемува во Куманово, особено кај младата популација и нивните семејства.

Loading...

Ова е заклучокот по денешната одржана работна средба на Општинскиот штаб за заштита и спасување во Општина Куманово во врска со преземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

– Заради зголем број на заразени, особено млада популација и нивните семејства, апелираме до граѓаните, како и до сопствениците на угостителски објекти и маркети да ги почитуваат сите мерки и препораки од Владата на Република Северна Македонија, поточно, социјална дистанца од 2м, како и да се намалат семејните собири во затворен простор и собири на млади луѓе во поголеми групи, стои во апелот од Општинскиот штаб за заштита и спасување Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply