Оштетил работилница и автомобил во Куманово по расправија со сопственикот

Сподели со своите пријатели

Триесет и деветгодишен кумановец имал бурен крај на годината, откако по претходна расправија, му го оштетиле и возилото и работилницата.

Loading...

– На 31.12.2022 во 13.00 часот во СВР Куманово, А.Б.(39) пријавил дека околу 03.00 часот во неговата работилница во Куманово, по претходна расправија, бил физички нападнат од А.Д., кој притоа со тврд предмет оштетил стакла од работилницата и паркирано патничко моторно возило „сеат леон“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на синот на пријавителот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, тој подоцна забележал дека во возилото бил предизвикан пожар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец избегал од затвор па крадел во Крива Паланка

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски