Русија утрово ѝ зададе уште еден силен удар на енергетската инфраструктура на Украина, а цел беа енергетските капацитети во седум региони – Киев, Миколаев, Харков, Запорожје, Одеса, Днепропетровск и Житомир, изјави украинскиот министер за енергетика Херман Галушченко.
Во објава на каналот Телеграм на министерството, тој изјави дека Русите го ставаат светот на работ на нуклеарна катастрофа, со оглед на тоа што поради гранатирање е оштетена последната линија за снабдување со електрична енергија на нуклеарната централа во Запорожје, а станицата е моментално работи на дизел генератори, пренесува Интерфакс Украина.
Агенцијата наведува дека во четвртокот вечерта било соопштено дека поради гранатирање, нуклеарната централа во Запорожје, во која ниту еден од шесте блокови не работи веќе неколку месеци, ја загубила можноста за набавка на електрична енергија за сопствени потреби од мрежата и повторно се префрли на дизел генератори.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.