Оштетен патот кон селото Ропаљце, а свлечиште активно во Думановце

Сподели со своите пријатели

И на територијата на Општина Куманово не изостанаа последиците од неколкудневните непрекинати врнежи од дожд кои предизвикаа оштетување на пат и активирање на свлечиште, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Патот кој води кон селото Ропаљце бил оштетен и затворен за сообраќај, а за месното население бил отворен атернативен пат, информираат од Јавното претпријатие „Македонија – пат“.

На бројот 195 во Регионалниот центар за управување со кризи во Општина Липково пријавено било дека последните врнежи кои ја зафатиле општината рпедизвикале во селото Думановце да дојде до појава на свлечиште на патот, па од таа причина патниот правец Думановце – Гошинце е целосно затворен.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.