Оштетен дел од пругата, железничкиот транспорт ќе трпи штети

Сподели со своите пријатели

Големи штети ќе претрпи железничкиот транспорт во Македонија, откако околу 250 метри од пругата на Коридорот 10 кој ја поврзува Македонија со целиот свет, се оштетени во утринската несреќа кога товарен воз излета од шините во кумановското село Романовце.

Loading...

Како што информираше Хари Локвенец, директор на ЈП за железничка инфраструктура, исклизнати се 12 од вкупно 20 вагони кои превезувале толчаник за потребите на Македонски железници инфраструктура.

– Најсреќниот или најдобриот дел од ваква несреќа е што нема човечки животи, меѓутоа има голема материјална штета, не само моменталната, туку и сета она загуба која сите заедно ја претрпуваме и ќе ја претрпуваме заради нефункционирање за многу важниот за нас Коридор 10 од железничката пруга и поврзаност на нашата држава со целиот свет, изјави тој.

Директорот Локвенец вети надчовечки напори од вработените да се санира штетата во најкус можен рок и да се воспостави сообраќајот.

– Во овој момент можам да ветам надчовечки напори на вработените, и самите забележувате нивната ревносност во овој момент и следниот период независно што следат празници за сите останати граѓани, меѓутоа вработните во МЖ со надчовечки напори ќе се обидат час поскоро да ја оспособат пругата заради нејзината огромна важност и заради тоа што посебно овој дел е дел од паневропскиот коридор 10, појаснува директорот.

Од друга страна дел од мештаните велат дека оваа пруга не се одржува со години.

– Населението е повеќе загрозено, блиску има куќи тука до пругата, дали тие куќи се изградени во одредена локација до пругата или не се оградени е надлежност на другите институции, но безбедноста е загрозена за нашите ученици, Романовце брои 440 ученици и тие се дел од оваа населени тука, можело сабајлево да се случи да бидат повредени, вели Џемљадин Азири од месната заедница од Романовце.

Во овој момент не се знае висината на штетата, а стручните екипи сѐ уште вршат проценки на терен. Покрај оштетување на пругата оштетени се и 12 вагони.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply