Оружје, девизи, цигари, тутун се само дел од заплената на цариниците на Табановце (фото)

Сподели со своите пријатели

Во текот на минатата недела, царинските службеници откриle мигранти и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено bile задржани наркотици, девизи, цигари, тутун, автомобил со бункер, регистарски таблички, воздушна пушка, техничка стока и многу други работи.

Биле откриени вкупно 16.900 швајцарски франци, откриени при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Берлин – Тетово и бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, а бил управуван од македонски државјанин. При личен претрес на возачот на автобусот, во неговата рачна торба биле пронајдени 25.900 швајцарски франци и 2.070 евра, од кои, согласно законските прописи, му биле вратени 2.070 евра и 9.000 швајцарски франци, износ што резидент може слободно да го внесе во државата, додека останатите 16.900 швајцарски франци се привремено задржани. Против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Loading...

index

 

Износ од 7.200 евра, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, управуван од македонски државјанин, при што како сопатник се јавува друг македонски државјанин. При личен претрес на возачот, во бело плико сместено во џебот на фармерките биле пронајдени 6.200 евра, од кои, согласно законските прописи, му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите 4.200 евра се привремено задржани, додека при личен претрес на сопатникот, во задниот џеб на фармерките биле пронајдени 5.000 евра, од кои, согласно законските прописи, му биле вратени 2.000 евра, износ што резидент може слободно да го изнесе од државата, додека останатите 3.000 евра се привремено задржани. Против возачот и сопатникот ќе бидат поведени соодветни постапки.

 

devizi

 

Вкупно 5.320 парчиња цигари марка RODEO со македонски акцизни маркички, биле откриени при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Делчево – Dogliani, Италија и бил пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, а бил управуван од македонски државјанин. Непријавените цигари биле пронајдени во две патни торби и еден куфер, сопственост на патничка во автобусот, а биле сместени под седиштата во внатрешноста на автобусот. Цигарите се привремено задржани, а против патничката е поведена прекршочна постапка.

rodeo cigari

Количина од 19 kg режан тутун, биле откриени при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски ознаки кое пренесувало KNAUF плочи наменети за извоз од државата, а било управувано од српски државјанин и пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот тутун бил пронајден во кабината и во фабричките шуплини на влекачот кои се наоѓаат над воланот, како и во фабричката кутија за алат на полуприколката и истиот е привремено задржан, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Откриено било и оружје, односно едно парче воздушна пушка марка DIANA PANTHER 21 со вградена нишанска справа марка HUBERTUS 4X32, откриена при контрола на автомобил со белгиски регистарски ознаки,  сопственост на белгиски државјанин, сопатник во возилото, а управуван од друго лице, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавеното оружје било пронајдено под пријавениот моторцикл (скутер) со белгиски регистарски ознаки, сместен на спуштените седишта од возилото и истото е привремено задржано, а против сопственикот на возилото е поведена прекршочна постапка.

 

Loading...

oruzje

 

Три парчиња круни за дупчење, 9 парчиња делови за водни пумпи, 2 парчиња куќишта за јадро, 4 парчиња федери за куќишта за јадро, 2 парчиња месингани прстени и 1 парче редуцир, откриени биле при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената стока била пронајдена во две картонски кутии сместени во багажниот простор на автомобилот и покриени со пластични вреќи и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

 

kruni

 

Вкупно 35 парчиња женски тоалетни ташни, 7 парчиња машки ташни и 9 парчиња машки тоалетни води, откриени при контрола на автомобил со германски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената стока била пронајдена зад возачкото и совозачкото седиште и во багажниот простор на возилото и истата е привремено задржана, а против лицето е поведена прекршочна постапка.

Пет парчиња автоделови, биле откриени при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, а бил управуван од македонски државјанин. Непријавените автоделови биле пронајдени во две кутии сместени под седиштата во внатрешноста на автобусот и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.