Орбан: Западот сака да ја глобализира војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Западот сака да ја глобализира војната во Украина.

Loading...

„Конфликтот мора да биде изолиран, но западните земји сакаат да ја глобализираат војната“, рече Орбан за јавниот сервис, пренесува МТИ.

Тој додаде дека ќе се докаже дека Унгарија била во право за војната во Украина и дека Западот не успеал мирно да ја процени ситуацијата на теренот, пренесува Танјуг.

„Можете да војувате само ако имате јасна цел и знаете кои алатки ќе ги користите. Во спротивно, политиката не може да ги објасни изгубените животи“, рече Орбан.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.