Орбан: Унгарија го отфрли планот на ЕК да додели повеќе пари за Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарија ги отфрла плановите на Европската комисија (ЕК) да додели повеќе пари за Украина и не е подготвена да придонесе дополнителни пари за финансирање на зголемените трошоци за сервисирање на долгот на ЕУ, изјави денеска унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Loading...

Орбан, говорејќи на маргините на самитот на ЕУ во Брисел, изјави за унгарското државно радио дека барањето на Комисијата Унгарија да придонесе повеќе пари е „смешно“ кога Будимпешта, заедно со Полска, не добија средства од фондот за закрепнување на Унијата поради спор околу владеењето на правото, јави Ројтерс.

Орбан истакна дека Унгарија нема да ѝ даде повеќе пари на Украина додека не каже за што се потрошени претходните средства од околу 70 милијарди евра.

„И мислиме дека е крајно смешно и апсурдно што треба да придонесеме повеќе пари за финансирање на трошоците за сервисирање на кредитот, од кој сè уште не сме ги добиле средствата што сме имале право да ги добиеме“, нагласи Орбан.

ЕУ ќе ѝ обезбеди на Украина 50 милијарди евра помош за периодот од 2024 до 2027 година, објави Европската комисија на 20 јуни.

Унгарија и Полска се единствените членки на ЕУ кои зад себе добиваат средства за закрепнување кои беа блокирани од ЕУ поради обвинувањата дека владите на двете земји ја кршат демократијата и владеењето на правото.

Лидерите на ЕУ во четвртокот објавија дека ќе бидат посветени на зајакнување на безбедноста на Украина на долг рок.

ЕУ сака да ја обврзе Унгарија да основа „мигрантски гета“ и да прима до 10.000 мигранти секоја година, рече Орбан, пренесе агенцијата МТИ.

Loading...

Орбан најави дека унгарската влада ќе се бори против ваквите планови и ќе одбие да ги спроведе.

Премиерот рече дека најверојатно зад одлуката стои мрежата на Сорос.

Американскиот финансиер Џорџ Сорос ја префрли контролата на својата мрежа на невладини организации на својот син, рече Орбан, наведувајќи дека по промената, новата генерација сега е политички поактивна.

Самитот на Европскиот совет оваа недела треба да открие кој е одговорен што ЕУ е „турната на работ на банкрот“ и да разјасни каде отидоа „парите од буџетот на ЕУ“, истакна Орбан.

Орбан рече дека на половина пат од финансискиот циклус од 2021 до 2027 година, ЕК „објави дека парите ги нема и дека бара стотици милијарди дополнителни придонеси од земјите-членки“.

Орбан рече дека шансите лидерите на земјите-членки на ЕУ да ги прифатат предложените амандмани на буџетот на ЕК се блиску до нула и дека Унгарците нема да прифатат укинување на шемата за заштита на цените на комуналните услуги во земјата.