Орбан: САД не се откажуваат од „својот план“, но Унгарија нема да дозволи да биде турната во војна

Сподели со своите пријатели

САД не се откажуваат од „својот план“ да ги принудат сите во воена коалиција, но Унгарија нема „да дозволи да биде принудена во војна“, изјави денеска премиерот Виктор Орбан.

Loading...

Унгарскиот премиер во изјава за државното радио рече дека САД се „побезбедно место“ на мапата, „но не можете да го кажете тоа за Карпатскиот басен“ и дека глобалните политички ризици се различни во Берехово и Будимпешта споредено кон САД, пренесува МТИ.

„Со право очекуваме САД да ја земат предвид посебната ситуација во Унгарија. Бевме на страната на мирот и сакаме да останеме таму“, рече Орбан.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  САД ја зголемија наградата за апсењето на Мадуро

Тој оцени дека „ако има светска војна, таа ќе биде нуклеарна“, предупредувајќи на опасност од ескалација на конфликтот во Украина.

Орбан рече дека ситуацијата во таа земја секоја недела се влошува, додека опасноста од ескалација на војната расте.

Тој додаде дека извештаите покажуваат дека Британија испраќа муниција со осиромашен ураниум на фронтот во Украина, додека Русија распоредува тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Тој нагласи дека САД се „пријател и сојузник“ на Унгарија и дека е важно Будимпешта да припаѓа на „заедничкиот воен одбранбен сојуз“, како и дека има сличности во размислувањата на двете земји, со „идентични основни верувања “.

„САД се исто така христијанска земја и економските односи отсликуваат успешна приказна. Сè ни е дадено за да имаме добри и пријателски односи“, рече Орбан.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  18 лица уапсени во врска со пожарите во Лос Анџелес

Истовремено, тој изјави дека САД не се обединети и дека имаат имиџ на „поделена земја со големи партиски политички разлики“.

Орбан најави дека САД се слободни да испратат „кој сака амбасадор“ во Унгарија и дека „мора да прифатиме дека американскиот амбасадор ги застапува американските позиции во Унгарија“.

Унгарскиот премиер, сепак, додаде дека „необично е американската амбасада да користи улични билборди за да ги претставува овие американски позиции.

Орбан рече дека билбордите со порака „Русите одете дома“ сугерираат дека доцнат, „бидејќи веќе ги испративме дома“, велат од МТИ.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.