Орбан: Неопходен прекин на огнот и преговори за Украина

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека е неопходно прекин на огнот и мировни преговори за да се реши конфликтот во Украина.

Loading...

Јасно е дека Европа постепено влегува во таа војна, во Унгарија сѐ уште не е пукано, ова што го прави Европа е многу опасно, а опасноста за Унгарија ќе расте, истакна Орбан, пренесе агенцијата МТИ.

– Унгарија го зборува јазикот на мирот, но никој друг не ја следи таа политика, посочи Орбан.

Орбан изјави за унгарското државно радио дека политиката на санкции против Русија е уште еден чекор кон војна, бидејќи секој што интервенира во конфликтот користејќи санкции, исто така, зазема позиција на поддршка на една од страните, а со тоа го интензивира конфликтот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина со ХИМАРС уништи воена база на Путин: „Жртвите се огромни“ (ВИДЕО)

Според него, Унгарија никогаш не ја поддржала политиката на санкции и нема да ја поддржува во иднина.

Орбан: Целта на владата е да го избегне трендот на рецесија во Европа

Унгарската влада има за цел да го избегне трендот на рецесија во Европа, изјави денеска премиерот Виктор Орбан во интервју за државното радио.

Целта е и да се зачува целосната вработеност и стапката на раст над просекот на Европската унија во наредната година, како и „нашите национални стратешки цели: национално единство и поддршка за семејствата“, рече Орбан, пренесува агенцијата МТИ.

Со цел да се зачуваат минатите достигнувања на земјата, унгарската влада започна програми за помош на фабриките и поддршка на малите и средни претпријатија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Се приближува огромен воден бран. Полска и Унгарија во трка со времето

Ги ограничи и цените на одредени производи и каматните стапки на заемите за населението, а исто така им помага на рестораните и давателите на сместување, рече Орбан.

Тој додаде дека владата спроведува истражување на јавното мислење за да ја направи ситуацијата поднослива за богатите и обичните луѓе и дека постојано добива повратни информации.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.